Дома Трансфер зона Влаховиќ и Барса – повторно е актуелно!

Влаховиќ и Барса – повторно е актуелно!

Во последно време Душан Влаховиќ се поврзува со заминување од Јувентус, а според последните информации на каталонските медиуми српскиот голгетер е на мета на Барселона.

Каталонските извори откриваат дека Барселона следи што се случува во Јувентус по ситуацијата со одземените бодови и потенцијалниот хаос во екипата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На Јувентус сега ќе му биде многу потешко да дојде топ четири и пласман во Лигата на шампионите.

Во фокусот на Барселоан се Локатели и Влаховиќ, меѓутоа ситуацијата со Србинот е нешто покомплицирана.

Каталонците пишуваат дека Влаховиќ може да биде опција за Барселона само ако Јувентус остане без Лигата на шампионите. Исто така во Барселона сметаат дека Влаховиќ може да биде идеална мета за 2024 година кога и Левандовски ќе наполни 36 години.

Медиумите како важна информација потенцираат дека директорот на Барселона, Матео Алемани е во постојан контакт со Влаховиќ и е потврдено дека се сретнале пред да замине во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…