Дома Фудбал Англија Вилијан покажа лојалност: И да му заврши договорот ќе ја доигра сезоната

Вилијан покажа лојалност: И да му заврши договорот ќе ја доигра сезоната

Ѕвездата на Челзи, Вилијан изјави дека е подготвен да игра за тимот од Лондон, доколку сезоната 2019/20 не биде завршена пред истекот на неговиот договорот со „сините“.

Договорот на Вилијан со Челзи истекува на 30ти јуни, а со оглед на ситуацијата поради коронавирусот не се знае точно кога ќе заврши сезоната.

Откако беше одложено Европското првенство националните лиги ќе можат да се играат во јуни и јули, а Вилијан е спремен да игра за „сините“ и откако ќе му заврши договорот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мојот договор завршува на крајот на јуни. Ако мора да се игра во тоа време, тие месеци, мислам дека не би имало проблем лигата да ја завршам на начин на кој би бил лојален на клубот, зошто клубот секогаш беше со мене. Без оглед на тоа што е пишано на хартија. Јасно е дека ова уште не е сигурно, не знаеме што ќе се случи, но без дилеми, како и секогаш ќе го дадам максимумот за клубот без оглед на состојбата со договорот“, изјави Вилијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…