Бразилскиот фудбалер Вилијан ова лето остана во Челзи иако на големо се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона.
Тимот на Барселона покажа голем интерес за Вилијан, но на крајот Челзи одлучи дека Бразилецот не е продажбата иако изгледаше како веќе со „една нога“ да е во тимот на Барселона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вилијан за англиските медиуми откри дека навистина одлучил да замине, но потоа Антонио Конте добил отказ и тој ја променил својата одлука.
„Дали Конте и Сари се слични? Нема шанси. Не би бил тука доколку Конте останеше тренер. Откако тој замина знаев дека сакам да останам и да играм за Челзи, навистина уживам тука. Работите сега се промените и се чуствувам многу посреќен и помирен од претходните сезони“, призна Вилијан.