Дома Трансфер зона Вилијан заминува од Челзи, но може да остане во Премиер лигата

Вилијан заминува од Челзи, но може да остане во Премиер лигата

Вилијан ја одби понудата на Челзи за нов договор и најверојатно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ на крајот на сезоната како слободен агент.

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи му понудил двегодишен договор на Бразилецот, но 31-годишниот офанзивец ја одбил и ќе си замине како слободен агент.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вилијан веќе има понуди од неколку големи европски клубови, но и од клубови во Премиер лигата, па можно е да остане во Англија.

Вилијан претпочита да остане во Челзи, но бара договор најмалку на три години и поради тоа двете страни не можат да најдат заеднички јазик.

Вилијан и оваа сезона е многу важен дел од тимот на Челзи и Лампард во неколку наврати апелираше до раководството да го задржи Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…