Легендарниот италијански фудбалер, Бобо Виери верува дека кога-тогаш Суперлигата ќе се одигра.
Голем број сегашни и поранешни фудбалери ја критикуваа Суперлигата. Меѓутоа во таа група не е Кристијан Бобо Виери, поранешниот ас на Јувентус, Атлетико, Лацио, Интер, Фиорентина…и репрезентацијата на Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека Суперлигата ќе се одржи, но не денес, туку во иднина. Клубовите направија грешки во комуникацијата, но Флорентино Перез не е глупав, знае што сака. На големите клубови не им е потребна УЕФА, тие не сакаат некој друг да ги контролира нивните пари“, порача Виери.
Виери потсети и за скандалите во ФИФА и УЕФА.
„Секоја година некој од УЕФА и ФИФА е уапсен. Тоа не го кажувам јас, таква е реалноста“, изјави легендарниот фудбалер.