Дома Фудбал Италија Виери: Кој на Јувентус ќе му ги врати головите на Роналдо? Интер е фаворит за Скудетото

Виери: Кој на Јувентус ќе му ги врати головите на Роналдо? Интер е фаворит за Скудетото

Сезоната во Серија А веќе започна, а првите две кола ни донесоа некои интересни резултати, до овој момент има пет екипи со максимален учинок и пет клубови кои се на „нула“.

Легендарниот Кристијан Бобо Виери го искажа своето мислење за оваа сезона и според него фаворит за Скудетото е Интер. Најмногу поради заминувањето на Роналдо.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Кој е фаворит за Скудетото? Пред Роналдо да го напушти Јувентус, си велев Јувентус е силен и ќе нападне. Сега, во ваква ситуација кога си замина би му дал предност на Интер. Не верувам во најавите дека Дибала, Мората и Киеза ќе дадат повеќе кога го нема Роналдо. Роналдо си замина и сега некој треба да ги надополни неговите голови. Кој ќе биде тоа? Кин? Не знам, тешко. Ќе видиме на крајот“.

Интер?

„Си замина Лукаку, но дојде Џеко. Џеко ја нема истата физичка сила, постар е шест години, но технички е добар напаѓач и постигнува голови. На Лукаку не можете да му најдете замена, може да се обидете, Интер направи добар потег со Џеко“, смета Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…