Дома Фудбал Останато Виери гледа добри работи во Јувентус: Скудетото мораше некогаш да го изгубат

Виери гледа добри работи во Јувентус: Скудетото мораше некогаш да го изгубат

Aктуелниот шампион Јувентус тешко дека оваа сезона ќе ја одбрани титулата во Серија А, а „старата дама“ беше елиминирана и од Лигата на шампионите.

Навивачите на Јувентус секако не се задоволни од резултатите кои ги бележат црно-белите оваа сезона. Сепак, поранешниот репрезентативец на Италија, Кристијан Виери гледа и нешто добро.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако девет пати во низа го освојувате првенството, порано или подоцна ќе го изгубите. Можеше да се случи минатата или следната година, но мораше да се случи. И му се случи на Пирло. Без разлика на критиките, ми изгледа дека некои луѓе не ја разбираат ситуацијата. Јувентус доби играчи размислувајќи за иднината. Киеза е иднина, Кулушевски, Мекени и Артур се иднината, Де Лихт, Демирал, Бентакур…исто така. Било кој клуб треба да размислува подеднакво и на сегашноста и на иднината“.

Зборуваше Виери потоа за Роналдо.

„Купувањето на некој играч, кој и да е не гарантира освојување на Лигата на шампионите. Ви треба тим и среќа. Со Роналдо во екипата шансите се зголемија, но како што кажав тоа не е гаранција за успех. Меси шест години не ја освојуваше ЛШ, Сити и ПСЖ никогаш немале успех во Европа“, изјави Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…