Двајца играчи од актуелниот Европски шампион, Арпад Штербик и Илија Абутовиќ се номинирани во изборот за најдобриот тим во Лигата на Шампионите за оваа сезона. Штербик ќе се бори да се најде во идеалниот тим како најдобар голман, а негова конкуренција се Ландин (Кил), Иванишевиќ ( Скјерн), Андерсон ( Фленсбург) и Жерард ( Монпелје). Абутовиќ пак ќе се обиде да стигне до признанието, најдобар одбранбен играч пред Карабатиќ( ПСЖ), Карлсон ( Фленсбург), Морос (Барселона) и Шуц (Веспрем).

ЕХФ направи видео со играчите кои се номинирани на позициите голман и најдобар дефанзивец. Гласањето ќе трае до 26-ми мај кога започнува и завршниот турнир во Келн. За играчите на Вардар можете да гласате на линкот, ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…