Дома Фудбал Видео: Супер-голот на Меси од слободен удар не беше доволен – Барселона ремизираше, Атлетико на -5!

Видео: Супер-голот на Меси од слободен удар не беше доволен – Барселона ремизираше, Атлетико на -5!

Својот натпревар од 26 коло во шпанската Примера го одиграа екипите на Лас Палмас и Барселона.

Барселона секако беше фаворит пред натпреварот, но Лас Палмас сепак успеа да издржи и да се извлече со 1:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Каталонците до предност стигнаа во 21 минута. Лионел Меси како и во натпреварот против Џирона и овој пат успеа да погоди од слобен удар, овој пат тоа го направи со силен удар на страната голманот, за разлика од минатото коло кога погоди со топка под живиот ѕид.

Ова беше и единствениот погодок во првиот дел.

Во вториот дел иако тимот на Валверде ја имаште топката во свој посед сепак не успеваа да стигнат до посериозна шанса. Какво полувреме одигра Барса говори податокот што фаворитот во вторите 45 минути упати само еден удар во рамките од голот на домаќинот и тоа во финишот од натпреварот.

Лас Палмас до изедначување стигна со голот од пенал на Калери во 48 минута.

По ова реми, Атлетик Мадрид после 26 коло ќе се доближи до Барселона на -5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чудото од дете кое кажа дека сака да игра за Реал Мадрид доби изненадување од Баерн Минхен

Талентираниот млад германски фудбалер Ленарт Карл (17) предизвика вознемиреност во Баерн с…