Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија не можеше да поверува какво прашање доби на последната прес конференција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Конференцијата за медиуми беше одржана по повод пријателскиот натпревар против Египет, а Сантос не го очекуваше прашањето кое му беше поставено.
„Ќе направи ли Роналдо трансфер во Кина?“, гласеше прашањето од новинарот.
„Дајте, ве молам….“изјави Сантос низ смеаа па продолжи: „Овде сме да зборуваме за натпреварот против Египет, а не за тоа дали Роналдо ќе игра во Кина“.
Португалскиот селектор потоа порача дека Роналдо е најдобар играч во светот и дека на неговата селекција многу и значи што го има во тимот.
Натпреварот помеѓу Португалија и Египет се игра утре со почеток во 20:45 часот.