Дома Фудбал ВИДЕО: Рутинска победа на Реал Мадрид, Винисус Жуниор запиша асистенција

ВИДЕО: Рутинска победа на Реал Мадрид, Винисус Жуниор запиша асистенција

Вечерва во рамките од 1/16 финалето на шпанскиот куп својот натпревар го одигра Реал Мадрид на гостински терен кај третолигашот Мелија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој натпревар привлекуваше посебно внимание поради тоа што на клупата на првиот тим на Реал Мадрид дебитираше Сантијаго Солари кој го наследи Јулиен Лопетеги.

„Кралевите“ ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа од 0:4.

До водство фаворитот стигна во 28-та минута преку Карим Бензема кој погоди после асистенцијата на Одриозола.

Во судиското продолжение од првиот дел Асенсио после асистенцијата од Винисус Жуниор постигнува гол за 0:2.

Во вторите 45 минути работите не се променија многу, Реал сигурно ја чуваше предноста, а во еден момент Бразилецот Жуниор можеше и да го постигне својот првенец за „кралевите“, но ја погоди само пречката.

Асистентот при првиот погодок Одриозола на десетина минута пред крајот зголеми на 0:3, а конечните 0:4 во финишот ги постави Кристо Гонзалес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…