Реал Мадрид доживеа потоп на „Сантиаго Бернабеу“ од ЦСКА Москва, Плзен ја порази Рома и го зачува третото место во групата.
Иако овој натпревар немаше резултатско значење за „кралевите“, сепак долго ќе го паметат. Имено, Реал Мадрид го доживеа најголемиот пораз на свој терен во европските натпреварувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Солари започна со комбиниран тим, но тоа сигурно нема да му биде оправдување за големиот пораз. Иако Реал подобро го отвори мечот и доминираше во првиот половина час, сепак следуваше „ладен туш“ за публиката на Бернабеу.
Во 37-та минута Чалов постигна гол за водство на ЦСКА, а само пет минути подоцна Шеников зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на одмор. Во второто полувреме Сигурдсон погоди за 3:0 и целосен потоп на „кралевите“.
Оваа победа на ЦСКА Москва на крајот се покажа залудна, бидејќи Плзен ја победи Рома со 2:1 и го загарантира третото место во групата.