Фудбалерите на Јувентус изминатиот викенд на домашен терен ја совладаа Рома со 1:0 во дербито на 17-тото коло во италијанската Серија А.
„Старата дама“ без поголеми проблеми успеа да стигне до победата. Победата на Јувентус можеше да биде и со резултат 2:0, но судијата после прегледувањето на ВАР во финишот го поништи погодокот на Даглас Коста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многумина сметаат дека тој погодок на Коста требаше да биде признат бидејќи играчот на Рома ја продолжи акцијата после прекршокот, но судијата мислеше поинаку. После оваа средба на социјалните мрежи се појави интересно видео на кое се гледа како Роналдо ја исчекува одлуката на главниот арбитар.
Роналдо беше асистент при поништениот погодок и секако дека не му сеедно што натпреварот го заврши без асистенција или погодок.
∙@Cristiano waiting for VAR??#JUVERoma pic.twitter.com/DcfdNwC1RG
— Giacomo Scutiero (@SCUtweet) December 23, 2018