30 коло во англиската Премиер лига ни го донесе и големото англиско дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Мурињо го победи Клоп, Јунајтед на „Олд Трафорд“ славеше со 2:1 и така се зацврсти на втората позиција на табелата пред денешниот противник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До победа, „ѓаволите“ стигнаа благодарение на одличниот настап на Маркус Рашфорд. Рашфрод прво во 14 минута со одличен потег се ослободи од Арнолд, жаргонски кажано „му ја скрши кичмата’.
Потоа десетина минути подоцна Рашфрод од слична позиција упати удар, а топката на патот до мрежата го погоди исто така Арнолд и заврши зад грбот на Кариус. Тоа беше и се кога во прашање се погодоците во првиот дел, Јунајтед замина на полувреме со предност од 2:0.
Во вториот дел Ливерпул заигра подобро, се играше пред голот на Де Геа, „црвените“ беа апсолутно подобар противник. Сепак, успеаа да постигнат само еден погодок и тоа преку Ерик Бејли кој со пета ја погоди сопствената мрежа.
По оваа победа Манчестер Јунајтед на втората позиција има 65 бодови, пет бодови предност во однос на денешниот противник. Тотенхем со евентуалната победа во утрешниот натпревар против Бурнемоут би го симнал тимот на Клоп на четвртата позиција.