Дома Фудбал Останато Видео: ПСЖ со „петарда“ за Мец, се раѓа нова ѕвезда од „градот на светлината“

Видео: ПСЖ со „петарда“ за Мец, се раѓа нова ѕвезда од „градот на светлината“

Фудбалерите на Пари Сен Жермен стигнаа до убедлива победа во рамките од 29 коло од францускиот шампионат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на Унаи Емери со сигурни чекори чекорат кон освојувањето на титулата во Франција, сега пред своите навивачи го совладаа Мец со 5:0.

Се беше решено после само 45 минути игра.

Домаќинот поведе уште во петата минута со голот на Мение, а потоа следуваа два погодоци за осум минути на 20 годишниот Кристофер Нкунку.

Ова момче со потекло од Конго прво погоди по асистенцијата од Верати, а потоа со одличен удар од надвор од шеснаесетникот дојде до вториот гол на натпреварот. Во продолжение од првото полувреме, Верати запиша нова асистенција, а овој пат погоди Килијан Мбапе.

Конечниот резултат го постави Тијаго Силва во 82 минута после корнерот од десната страна.

Треба да се истакне и дека во последните дваесетина минути од натпреварот шанса за игра доби и синот на поранешниот фудбалер на Милан Жорж Веа, за кого ова беше втор настап во дресот на Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо беше во солзи. Погледнете како Јамал го воодушеви со својата реакција

ШПАНИЈА го победи Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство со голот на М…