Денеска македонската репрезентација ќе биде првата која одиграла ракометен натпревар пред повеќе од 50.000 гледачи и тоа на отворањето на Европското првенство во Германија.
Македонија од 18:00 часот ќе игра против Франција во Дизелдорф на стадионот „Меркур Шпиле“ кој беше претворен во ракометна арена. Натпреварот на Македонија се очекува да го гледаат повеќе од 53.000 гледачи. Тоа ќе биде рушење на рекордот кој пред десет години го поставија Хамбург и Рајн-Некар Левен во натпреварот во Манхајм.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Официјалната страна на Европското првенство објави и видео на кое во 15 секунди може да се види како фудбалскиот стадион беше претворен во ракометна арена.
Turning a football stadium into the biggest handball stage in 15 seconds 🤩🔥#heretoplay #ehfeuro2024 pic.twitter.com/jZETEHBmvi
— EHF EURO (@EHFEURO) January 9, 2024