Дома Останати Кошарка Видео: Одигран најлудиот натпревар, три продолженија, трипл-дабл на Вестбрик и победа на Оклахома, Бостон поразен

Видео: Одигран најлудиот натпревар, три продолженија, трипл-дабл на Вестбрик и победа на Оклахома, Бостон поразен

oklahoma

Изминатата вечер во НБА лигата беа одигра 11 натпревари.

Во најлудиот натпревар во досегашниот дел од сезоната, Оклахома после дури три одиграни продолженија ја совлада Филаделфија со 119:117.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оклахома пред овој натпревар беше во низа од 16 победи против Сикерси, но овој 17 беше потежок од сите претходно.

Како и повеќе пати оваа сезона, Оклахома успеа да испушти двоцифрена предност во финишот, па натпреварот отиде во продолжение. Меѓутоа, ова беше само почеток на драмата, ни во дополнителните пет минути немаше победник, а вистинската борба беше продолжена се до третото продолжение. Клучни поени на девет секунди пред крајот постигна Андре Роберрсон.

Расел Вестбрук го оствари 11 трипл-дабл во сезоната со 27 поени, 18 скокови и 15 асистенции. Го следеа Кармело Ентони и Пол Џорџ со по 24 поени. Во редовите на Филаделфија најдобар беше Џоел Ембид со 34 поени, осум скокови и шест асистенции.

Лидерот на истокот Бостон го доживеа и седмиот пораз во низа и тоа пред своите навивачи. Јуата славеше со 107:95 со 22 поени на Рики Рубио, а по 17 постигнаа Родни Худ, Џонас Џербеко и Донован Мичел. На Селтикси не им помогна ниту расположениот Кајри Ирвинг кој постигна 33 поени.

Торонто беше убедлив против Бруклин 120.87 Демар Дерожан постигна 31 поен, а Кајл Лаури оствари трипл дабал со десет поени и скокови и 12 асистенции.

НБА резулати

Шарлот – Мајами 98:104

Индијана – Детроит 98:104

Орландо – Портланд 88:95

Филаделфија – Оклахома 117:119 (после продолженија)

Вашингтон – Лос Анџелес Лејкерси 100:91

Бостон – Јута 95:107

Торонто – Бруклин 120:87

Мемфис – Атланта 96:94

Милвоки – Чикаго 10:115

Денвер – Њу Орлеанс 117:111 (после продолженија)

Хјустон – Сан Антонио 124:109

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Евролигата не простува: Го суспендираше Теодосиќ и му изрече голема парична казна

Кошаркарот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ, доби суспензија од Евролигата поради неговото…