Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Нејмар растури против Тулуз, а по мечот распали по раководството на Барселона

ВИДЕО: Нејмар растури против Тулуз, а по мечот распали по раководството на Барселона

neymar

Бразилскиот ас уште по доаѓањето и покажа на париската публика колкаво засилување добиле. Нејмар на мечот со Тулуз постигна два и асистираше уште при два гола, со што само за два меча стигна до бројки три голови и три асистенции.

Во високата победа од 6:2 против Тулуз, Нејмар беше играч на натпреварот и покажа навистина широк репертоар од неговите мајстории. Но, по мечот запрашан за Барселона ја откри вистината за самиот трансфер и зошто си заминал од Ноу Камп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога пристигнав во Барселона се беше добро, но потоа почнаа да се менуваат работите. Во Барселона има директори и водечки луѓе кои не смеат да бидат таму. Тоа не смее да се дозволи, Барселона заслужува многу повеќе од тоа, тоа не се луѓе кои треба да ја водат Барса“, вели Нејмар.

„Ме растажува кога ќе ги видам моите поранешни соиграчи тажни. Таму имам многу пријатели. Се надевам дека работите ќе се поправат и тие ќе можат да направат силна екипа која ќе биде компетитивна“, вели Бразилецот и со оваа изјава веројатно ќе намали дел од гневот кај каталонските навивачи, кои исто така не се задоволни од раководството на Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…