Дома Фудбал Останато (Видео) Луд натпревар во Париз, ОСУМ погодоци, Верати исклучен, Нејмар отвори и затвори!

(Видео) Луд натпревар во Париз, ОСУМ погодоци, Верати исклучен, Нејмар отвори и затвори!

Во натпреврот од француската Лига 1 помеѓу ПСЖ и Тулуз вечерва гледачите можеа да уживаат во вистинска голеада.

Домаќините ја оправдаа фаворитската улога, но веројатно никој не очекуваше натпревар со осум погодоци. Серијата голови ја отворија гостите, Тулуз прв дојде до предност и тоа во 18 минута од средбата преку Гардел. Изедначувачкиот погодок беше дело на Нејмар, а само четири минути подоцна Рабиот погоди за 2:1, резултат со кој се замина на полувремето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марко Верати во 69 минута од средбата заработи црвен картон, а она што следуваше веројатно никој не можеше да го предвиди.

Кавани само пет минути подоцна го зголеми водството, додека Јулиен ја врати надежта кај Тулуз, сепак тоа беше се од нив во овој натпревар. Пасторе зголемува на 4:2, потоа следуваше гол на Куразава по корнерот на Нејмар кој во судиското продолжение стави точка на овој фантастичен натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…