Дома Фудбал ВИДЕО Најлошиот стоперски натпревар во сезоната. Му поклони три гола на својот поранешен клуб

ВИДЕО Најлошиот стоперски натпревар во сезоната. Му поклони три гола на својот поранешен клуб

Волвс вчера на гости го декласираше Брентфорд со 4:1. Средбата ја одбележаа „луди“ три минути, од 13. до 16. кога беа постигнати три гола.

Во 13. минута Марио Лемина погоди за гостите за 1:0, а само минута подоцна Хванг Хи Чан го зголеми водството на гостите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Голејадата ја продолжи Јоане Виса намалувајќи на 1:2 во 16. минута.

Вулверхемптон дојде чекор поблиску до победата во 28. минута кога Хи-Чан го постигна својот втор гол на натпреварот за 3:1, а победата ја потврди Жан-Рикнер Белегард во 79. минута за конечни 4:1.

Три од четирите гола на Волвс ги поклони Нејтан Колинс, 22-годишниот ирски стопер, кој минатото лето пристигна во Брентфорд, токму од Волвс за 27 милиони евра.

Погледнете ги неверојатните грешки ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Награда за неверојатен успех: Наполи го обезбедува најдобриот играч

Иако многумина беа скептични, Скот Мектоминеј и Наполи се вистински добитнички во фудбалск…