Дербито на колото во Примера беше одиграно денес на „Ноу Камп“, играа Барселона и Атлетико Мадрид.
Барселона со помош на својот волшебник Лионел Меси успеа да стигне до нова победа која многу веројатно значи и нова титула во Примера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Атлетико натпреварот го започна внимателно и не сакаше премногу да се отвори. Сепак, моментот на магија на Лионел Меси во 26 минута кога погоди од слободен удар го реши натпреварот. Овој погодок на Лео Меси беше негов 600 во кариерата.
Дестина минути подоцна, капитенот на Барселона Андрес Иниеста не можеше да го продолжи натпреварот и беше заменет на негово место во игра влезе Андре Гомеп, а капитенската лента замина на раката на Меси.
Во вториот дел не видовме премногу возбудувања. Мрежата на два пати се тресеше, по еднаш и на двете страни но и во двете ситуација погодоците беа поништувани поради офсајд позиции.
На крајот резултатот не се промени, па Барселона по оваа победа ја враќа предноста од осум бода на табелата во однос на денешниот противник.