
Кошаркарите на Бостон беа на пат да направат уште еден голем пресврт, но нивната победничка серија заврши во Мајами.
Селтикс загубија од Мајами со 98:104, со што беше прекината серијата од 16 последователни победи. Мајми во послдната четвртина имаше +16, но гостите со одлична серија се доближија на само еден поен негатива 91-90 на нешто над 3 минути до крајот.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Бекот на „жешките“ постигна тројка со многу среќа, бидејќи топката се удри во обрачот, во горниот дел на семафорот и повторно во обрачот, пред да влезе, а потоа нанижа уште 3 поени од аголот за да направи 97:90, а тоа значеше и прекинување на серијата на Бостон.
Во редовите на домаќините, Драгиќ беше прв играч со 27 поени, а Вејтерс постигна 26. Кајри Ирвин со 23 поени беше најдобар поединец кај Бостон.
Резултати:
Шарлот – Вашингтон 129:124
Кливленд – Бруклин 119:109
Филаделфија – Портланд 101:81
Атланта – ЛА Клиперс 103:116
Мајами – Бостон 104:98
Њујорк – Торонто 108:100
Хјустон – Денвер 125:95
Мемфис – Далас 94:95
Минесота – Орландо 124:118
Њу Орлеанс – Сан Антонио 107:90
Оклахома – Голден стејт 108:91
Феникс – Милвоки 107:113
Јута – Чикаго 110:80
Сакраменто – ЛА Лејкерс 113:102