Дома Фудбал Останато Видео: Луд натпревар – Белгија во трилер завршница ја победи БиХ

Видео: Луд натпревар – Белгија во трилер завршница ја победи БиХ

Белгија и БиХ одиграа луд натпревар во Сараево кој на крајот им припадна на гостите (3:4) и ги оддалечи Босанците од баражот за СП.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај фактот што Белгија веќе го имаше обезбедено првото место во групата, од самиот старт се виде дека игра за победа и поведе уште во 4-та минута преку Муније.

Босанците направија целосен пресврт до крајот на полувремето откако во 30-та и 39-та погодија преку Медуњанин и Виска.

Белгија на стартот од второто полувреме пак го сврте резултатот во своја полза преку Батшуаи и Вртонген, но тоа не беше крај на возбудувањата на стадионот „Грбавица“.

Најпрвин домаќините израмнија преку Думиќ во 82-та минута, за само но само една минута подоцна Белгија преку Караско го возврати ударот за конечни 3:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните останаа без важен фудбалер пред натпреварот со Хрватска, Тухел повика замена

Англиската репрезентација се соочува со проблем со составот пред почетокот на Светското пр…