Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа тимот на Индијана со 150:145 во натпревар без продолженија и со тоа постигнаа најмногу поени од 2 јануари 1987 година кога го совладаа Феникс Санс со 155:118.
Лејкерси моментално се деветти во Западната конференција и секоја победа им е важна за влез во плејофот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ова е важна победа, но им дозволивме да постигнат 145 поени, па беше страшно во дефанзивата“, изјави Ентони Дејвис, кој ги предводеше Лејкерси со 36 поени и 16 скока.
Леброн Џејмс додаде 26 поени и десет асистенции, додека Динвиди постигна 26 поени.
„Сакаме да победуваме на секој натпревар. Ќе биде тешко, но ние сме способни да победиме на секој натпревар и мора да пристапиме на тој начин“, додаде Дејвис.