Дома Останати Кошарка Видео: Клиперси го „срушија“ шампионот, Вилијамс со рекорд на кариерата, Дурант „броеше“ до 40

Видео: Клиперси го „срушија“ шампионот, Вилијамс со рекорд на кариерата, Дурант „броеше“ до 40

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа 11 натпревари.

Голден Стејт на свој терен беа порезени од Лос Анџелес Клиперси, само пет дена откако ги победија во Лос Анџелес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клиперси ја прекинаа низата од пет победи во низа на Вориорсите, во овој натпревар славеа со резултат 125:106. Лу Вилијамс експлодираше во овој натпревар постигнувајќи 50 поени покрај тоа запиша два скока и седум асистенции. Тајрон Волас постигна 22 поени, Деандре Џордан забележа дабл-дабл со 10 поени и 12 скокови.

За Вилијамс ова е рекорд на кариерата, а само во третата четвртина постигна 27 поени.

Кевин Дуран за Вориорсите постигна 40 поени забележа четири скока и четири асистенции, додека Дрејмонд Грин за 29 минути уфрли само 10 скокови. Покрај Дурант единствен со двоцифрен учинок помеѓу Вориорсите беше Заза Пачули кој уфрли 12 поени.

НБА Резулати:

Шарлот – Далас 111:115

Индијана – Мајами 106:114

Вашингтон – Јута 104:107

Бруклин – Деторит 80:114

Њујорк Никси – Чикаго 119:122 (после продолженија)

Хјустон – Портланд 121:112

Мемфис – Њуореланс 105:102

Милвоки – Орландо 110:103

Минесота – Оклахома 104:84

Денвер – Атланта 97:110

Голден Стејт – Лос Анџелес Клиперс 106:125

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Џејмс беше прашан дали го одигра последниот натпревар за Лејкерс. Еве што одговори тој

Денвер Нагетс го победија ЛА Лејкерс во петтиот натпревар од првото коло и изборија пласма…