Дома Останати Кошарка Видео: Леброн со нов трипл-дабл, Кливленд до победа, Дурант го „уништи“ Далас

Видео: Леброн со нов трипл-дабл, Кливленд до победа, Дурант го „уништи“ Далас

lebron

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа пет натпревари.

Кливленд во интересен натпревар на домашен терен беше подобар од Лос Анџелес Лејкерси со 121:112.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лејкерси подобро го отворија натпревари, за Кавси да го превземат водството кон средината на втората четвртина и од тој момент тие беа тимот кој имаше констатна предност се до конечната победа.

Леброн Џејмс забележа трипл-дабл со 25 поени и 12 скокови и асистенција, Кевин Лав натпреварот го заврши со дабл-дабл 28 поени и 11 скокови. За Леброн ова беше четврти трипл-дабл во сезоната, а 59 во кариерата.

Во тимот на Лејкерси најдобар беше Брендон Инграм со 26 поени, додека Кајл Кузма постигна 20. Лонзо Бол забележа дабл-дабл со 13 поени и 11 асистенции, а покрај тоа додаде и осум скокови.

Голден Стејт со резултат 110:97 славеше против Далас Маверикс. После првата четвртина подобар беше Далас, но Вориорсите во втората четвртина ја стигнаа предноста, па на полувремето се замина со нерешен резултат 48:48.

Третата четвртина се покажа како клучна, а во неа Голден Стејт беше подобар и стигна до предност која до крајот само ја зголемуваше.

Кевин Дурант беше одличен со 36 поени и 11 скокови, а имаше и седум асистенции и две блокади. Клеј Томсон натпреварот го заврши со 25 поени, а во четвртата четвртина постигна 14. Во Далас најдобар беше Дирк Новицки со 18 поени, девет скокови и две асистенции.

НБА резултати:

Атланта – Детроит 91:105

Бруклин – Њу Јокр Никси 104:111

Кливленд – Лос Анџелес Лејкерс 121:112

Минесота – Сакраменто 119:96

Голден Стејт – Далас Маверикс 112:97

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…