Тимот на Кливленд го возврати ударот и со убедливи 116-86 го победи Босон за 2:1 во финалната серија на Истокот.
Кавалирс фуриозно го почна мечот и по првата четвртина имаа +15 (32:17), на полувреме веќе воде со 20 разлика (61:41). Во продолжение Леброн и соиграчите само рутински ја чуваа предноста против немоќниот Бостон и сосема заслужено славеа висока победа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Леброн Џејмс со дабл-дабл ефект од 27 поени и 12 асистенции го предводеше својот тим до убедлив триумф, дури шест кошаркари на Кливленд имаа двоцифрен број на поени. Во тимот на Бостон прв стрелец беше Џејсон Тетум со 18 поени.