Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео: Колумбија си направи „харикири“ – Самураите слават

Видео: Колумбија си направи „харикири“ – Самураите слават

Репрезентацијата на Колумбија иако беше голем фаворит сепак со пораз од Јапонија го отвори Светското првенство во Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лошо започна мечот за Колумбија која уште во 3-та минута остана со играч помалку откако Карлос Санчез играше со рака пред својот гол. Судијата покажа на белата точка, а Кагава беше сигурен реализатор.

Меѓутоа, во 38-та минута од слободен удар кој го избори Фалкао, Квинтеро мајсторски биеше по земја и го совлада јапонскиот голман Кавашима.

Во второто полувреме Јапонија очекувано беше подобар противник и создаде многу шанси со играч повеќе. Голот за „Самураите“ стигна во 73-та минута, кога Осако погоди со глава после центаршутот на Хонда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Мбапе сѐ уште е далеку пред Јамал, смета легендата Џорџ Веа

Освојувачот на „Златната топка“ за 1995 година, Џорџ Веа, е на мислење дека ѕвездата на фр…