Во текот на викендт се игра најголемото дерби во Премиер лигата помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а по тој повод порталот „Squawka“ направи видео инсерт во кое се рангираат најлошите играчи на двата тима.
Што се однесвуа на Ливерпул, најлош играч е хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен. Најдобри се Салах и Ван Дајк, додека број еден во Јунајтед е голманот Де Геа, спасителот на во моментов многу слабиот тим. Најмногу несогласувања имаше кога требаше да се утврди дали полош фудбалерот на Манчестер Јунајтед е Немања Матиќ или Ешли Јанг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Матиќ кој играше за Челзи е сосема друга приказна, но тоа повеќе не е истиот играч. Од Јанг видов неколку добри натпревари, па затоа би го избрал Матиќ“, се наведува во анализата на реномираниот портал.
Јунајтед е 12. во Премиер лигата со девет бода од осум натпревари, додека екипата на Клоп пред натпреварот е прва со максимални 24 бода. На второпласираниот Манчестер Сити има преднос од дури осум бода.