Минатата ноќ во НБА ја одбележаа два лични рекорди по бројот на уфрлени кошеви. Кристапс Порзингис постигна 40 поени против Индијана, додека Џејмс Харден го поправи рекордот на кариерата со уфрлените 56 поени во кошот на Јута.
Најдобриот кошаркар на Хјустон, Џејмс Харден му одговори на Леброн Џејмс, кој пред неколку дена постигна 57 поени, и на дуелот против Јута, крај своето име запиша 56 поени и 13 асистенции во победата на својот тим од 137-110.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа што е импресивно е дека потроши само 25 шута, погодувајќи 19/25 од игра, 7/8 за тројки и 11/12 од линијата за слободни фрлања. Ваква партија досега во НБА лигата има одиграно само неповторливиот Вилт Чемберлеин. Само тој на еден натпревар има најмалку 50 поени, со барем 75% шут и најмалку 10 асистенции.
Личен рекорд постави и Кристапс Порзингис од Њујорк, со 40 поени, што претставува веќе седми натпревар од деветте оваа сезона преку 30 поени. Негпвиот настап уште повеќе добива на тежина поради тоа што го врати Њујорк од негатива од 19 поени против Индијана и на крајот победи со 108:101 против Индијана.
На останатите натпревари:
Орландо – Бостон 88-104
Торонто – Вашингтон 96-107
Сан Антонио – Феникс 137-110
Минесота – Шарлот 112-94
Портланд – Оклахома 103-99
ЛА Лејкерс – Мемфис 107-102
Кливленд – Атланта 115-117
ЛА Клиперс – Мајами 101-104