Дома Фудбал Англија Видео: „До вчера“ беа дел од Премиер лигата, а од денес се третолигаши!

Видео: „До вчера“ беа дел од Премиер лигата, а од денес се третолигаши!

Со поразот од Бартон на свој терен „црните мачки“ ги изгубија шансите за опстанок во Чемпиошип.

Години наназад Сандерленд успеваше да се извлече и да го сочува статусот на Премиерлигаш, а кога минатата сезона испадна во Чемпионшип малку кој можеше да претпостави дека после само една сезозна ќе испаднат и во третото по ранг натпреварување во Англија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Црните мачки“ денес на својот стадион ја испуштија и последната „сламка за спас“.

На гости им дојде директниот конкурент во борбата за опстанок Бартон кој ги однесе трите бода.

Сандерленд поведе во 34 минута со голот на Педи Мекнер имаше предност се до 86 минута кога поранешниот напаѓач на „црните мачки“ Дарен Бент изедначи на 1:1. За потоа во судиското продолжение Бојс да погоди за 1:2 и така го испрати клубот кој „до вчера“ беше премиерлигаш во третата лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ромеро без милост кон управата на Тотенхем: Се појавуваат само кога оди добро

Тотенхем има уште една разочарувачка сезона и моментално се наоѓа на 14. место во Премиер …