ДАВИД ДЕ ГЕА пред две недели потпиша едногодишен договор со Фиорентина со можност за продолжување на соработката на дополнителна сезона.
Тој вчера го имаше своето официјално деби за италијанскиот клуб, 447 дена откако последен пат застана меѓу головите.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Прими три гола, а Фиорентина ремизираше со Пушкаш 3:3 во првиот натпревар од плеј-офот за конференциската лига.
Да потсетиме, Де Геа е без клуб од летото минатата година, кога му истече договорот со Манчестер Јунајтед. Тој беше поврзуван со бројни клубови, а најспоменувана беше Саудиска Арабија. Сепак, тој на крајот се приклучи на Фиорентина, која минатата сезона заврши на осмата позиција во Серија А.