Арсенал денес во рамките од 18-тото коло во Премиер лигата стигнаа до победа против Барнли од 3:1.
До водство избраниците на Емери стигнаа во 14-тата минута преку Обамејанг. Во оваа ситуација иако не беше, ни стрелец, ни асистент, најголеми заслуги има Месут Озил кој испрати маестрално додавање до Колашинац кој подоцна му асистираше на Габонецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа беше и единствениот гол во првите 45 минути.
На самиот старт од вториот дел Обамејанг постигнува гол и за водство од 2:0. Со овој гол Обамејанг стигна до бројката од 22 гола во својот 31-ви настап во Премиер лигата што е пет повеќе од било кој друг играч во историјата на Арсенал (Тиери Анри 17).
Голот на надеж за Барнли го постигна Барнс во 63-тата минута. Сепак точка на натпреварот во последните минути стави Ивоби.