Дома Фудбал Англија Видео: Возбудливо лондонско дерби, Арсенал се врати од 0:2

Видео: Возбудливо лондонско дерби, Арсенал се врати од 0:2

Арсенал и Тотенхем одиграа исклучително возбудлив натпревар, со четири гола, кој на крајот заврши без победник.

Натпреварот започна одлично за „спарси“ кои поведоа во 10-та минута преку Ериксен, а во 40-та минута сидијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Хари Кејн кој зголеми на 2:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Арсенал не се предаваше, создаде неколку зрели шанси, а во последната минута од првото полувреме Лаказет го намали резултатот.

Во второто полувреме „топџиите“ имаа иницијатива, а Тотенхем спорадично се закануваше. Израмнувањето стигна во 71-та минута кога Обамејанг погоди на одлична асистенција на Гендузи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Четворица фудбалери на Македонија отпаднаа од дуелот со Данска

Македонија вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Данска во Копенхаген, а селекторот Го…