Навивачите на тимот од „Велтинс арената“ сега сигурно ќе имаат што да кажат за новата технологија во фудбалот.
ВАР од оваа сезона е воведен во неколку од најдобрите европски лиги, а помеѓу нив е и германската Бундес лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Користен беше многу пати од страна на судиите, некогаш оправдано, но некогаш мора да се признае дека и правеше грешки. Најголемите критики ВАР ги добива поради трошењето на премногу време.
Но во оваа ситуација сепак не требаше многу време за информацијата да стигне до главниот арбитар на натпреварот помеѓу Шалке и Борусија Менхенглдабах.
Имено, Бенталеб во 11 минута заработи жолт картон поради еден старт на средината, но само една минута подоцна, судијата повторно го повика и место жолт му покажа црвен картон.
Судиската тројка која седи зад мониторите и ги гледа спорните ситуации му даде информација на главниот судија дека Бенталеб го удрил Штиндл.
ВАР овој пат беше од помош, иако многумина сигурно ќе добијат впечаток дека Бенталеб можеше да помине и без црвен картон.