Арсенал вечерва го игра реваншот од полуфиналето во Лигата на Европа против Атлетико Мадрид (првиот натпревар заврши 1:1).
После само десетина минути игра, Арсенал и Венгер се соочија со тежок проблем – се повреди капитенот Лоран Кошчиелни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошчиелни се повреди самиот без топка и без никаков дуел, најверојатно се работи за повреда на зглобот. Иако се уште е рано за било какви проценки според болната гримаса на лицето на Французинот и тоа што беше изнесен на носилки веројатно не станува збор за наивна повреда.
На местото на Кошчиелни во игра влезе Калум Чемберс.
Во продолжение погледнете го моментот кога се повреди капитенот на Арсенал.
Koscielny goes down with an apparent ankle injury, Arsenal forced to use sub early #ATLvAFC #AtletiArsenal #UEL #AFC pic.twitter.com/F9lKdpsIyp
— Jonah Takalua (@Destaquito2) May 3, 2018
Koscielny has to come off. It looks like a bad injury. pic.twitter.com/292E5sp6nL
— ArsenalUpdates (@ArsenalEdits___) May 3, 2018