Денес со почеток во 13:00 часот се одигра најголемото дерби во светот помеѓу Реал Мадрид и Барселона.
175 Ел Класико на крајот им припадна на Каталонците кои на „Сантијаго Бернабеу“ славеа со 0:3.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кралевите“ добро започнаа Роналдо постигна погодок по еден изведен корнер, но неговиот гол беше поништен поради очигледна офсајд позиција. Нешто подоцна Португалецот имаше нова прилика, но овој пат реагираше не типично за него, ја промаши целата топка.
Потоа стигна и првата закана од Барселона, Лионел Меси одлично уфрли, Паулињо влезе во добра шанса, шутираше одлично, но неговиот удар на фантастичен начин го одбрани Кејлор Навас, кој и покрај примените два погодоци денес беше одличен.
Во финишот од полувремето, Карим Бензема ја погоди стативата од голот од Тер Штеген.
Во вториот дел работите се променија, Барселона беше подобриот тим на теренот, а таквата игра ја искористија после само нешто помалку од десетина минути игра. Бускетс не знаеше што со топката, па додаде до Ракитиќ кој повлече одлична контра после која Луис Суарез ја погоди мрежата на домаќинот.
Набрзо следуваше нов проблем за избраниците на Зидан, по една мешаница во шеснаесетникот Дани Карвахал во стил на голман интервенираше на голманската линија па заработи црвен картон, а Барселона доби пенал. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Лионел Меси.
Во продолжение од натпреварот Зидан тргна во целосна офанзива во игра ги уфрли Герет Бејл и Марко Асенсио, но погодокот немаше. Конечните 0:3 ги постави Алеш Видал. па Барселона ги однесе трите бода од овој натпревар и сега има огромни +14 во првенство во однос на големиот ривал.