Дома Фудбал ВИДЕО Балотели снимен како пијан паѓа на улица. Еве како се правдаше

ВИДЕО Балотели снимен како пијан паѓа на улица. Еве како се правдаше

Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели (33) е снимен пред неколку дена во италијанскиот град Удине како паѓа на пешачки премин во друштво на пријатели.

Италијанските медиуми пишуваа дека поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Интер и Ливерпул бил пијан. На видеото одговори Балотели кој моментално нема клуб.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


“Видов видео како паѓам на улицата. Се шегувавме, тоа беше шега. Не гледам проблем во тоа што излегов со моите пријатели и се забавував. Никому не повредивме. Јас не знам зошто ме осудувате. Аајде да зборуваме за поважни работи“, објави Балотели на Инстаграм.

Италијанскиот напаѓач во август ќе наполни 34 години. Последен клуб за кој настапувал е турскиот Адана Демирспор. Тој пропушти добар дел од сезоната поради операција на коленото. Балотели беше еден од најголемите таленти во Италија, но поради недостиг на дисциплина не го исполни целиот свој потенцијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Челзи се забавуваше на хитот на Ханка Палдум 🎥

Чуварот на мрежата на лондонски Челзи, Ѓорѓе Петровиќ е снимен како се забавува на хит пес…