Дома Фудбал Италија Видео: Аталанта НЕ заслужи, но испадна – Јувентус го чека противникот во финалето

Видео: Аталанта НЕ заслужи, но испадна – Јувентус го чека противникот во финалето

Реванш натпреварот од полуфиналето во италијанскиот куп денес во терминот од 17:30 го одиграа екипите на Јувентус и Аталанта.

Јувентус како и во првиот натпревар и овој пат успеа да слави минимална победа од 1:0. Аталанта воопшто на оваа средба не беше во подредена улога.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гостите од Бергамо во Торино пристигнаа со желба да го надополнат поразот од првиот натпревар (0:1). Аталанта создаваше прилики, до средината на првиот дел успеваа да ги притиснат „бјанконерите“ на својата половина. Потоа и Јувентус испрати неколку закани, но погодоци во првите 45 минути немаше.

Поголеми возбудвања гледавме во вториот дел. Аталанта преку Папу Гомез ја пропушти најголемата можност да стигне до погодок. Буфон истрча далеку од својот гол, скоро на 40 метри, Гомез прв стигна до топката, шутираше но топката ја погоди стативата од празната мрежа на домаќинот.

На другата страна, Даглас Коста со мајсторски удар во свој стил надвор од шеснаесетникот ја погоди пречката од голот на Бериша.

Крај на сите надежи за Аталанта стави, Миралем Пјаниќ со голот од пенал во 75 минута од средбата.

Јувентус во финалето ќе игра против подобриот од вечерашниот натпревар помеѓу Лацио и Милан. Првата средба помеѓу овие два клуба заврши без победник 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…