Репрезентативецот на Хрватска, Домагој Вида одигра одличен Мундијал во Русија каде што со својата селекција стигна до сребрениот медал.
Вида и Ловрен беа одличен стоперски тандем и беа најзаслужни што нивниот тим стигна до финалето. Хрватскиот дефанзивец сега се потсети на Мундијалот, посебно на последниот натпревар од групната фаза кога го совладаа Исланд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тогаш на Аргентинците им беше потребна победа над Нигерија и пораз на Исланд за да се пласираат во осминафиналето. Вида откри дека Меси после тој натпревар испратил 30 свои потпишани дресови како подарок за делегацијата на Хрватска.
„Го искористи Иван Ракитиќ и преку него ни испрати на подарок 30 дресови со потпис. Сите во репрезентацијата добија дрес од Меси. Беше среќен што одигравме добар натпревар и на тој начин им помогнавме да се пласираат во следната фаза“, изјави Вида.