Дома Трансфер зона Ветеранот Отаменди пред заминување од Бенфика, познат и новиот клуб?

Ветеранот Отаменди пред заминување од Бенфика, познат и новиот клуб?

Николас Отаменди како што стојат работите во јануари ќе ја напушти Бенфика.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако договорот му истекува на крајот од оваа сезона, големи се шансите клубот да го напушти уште во јануари. Факт е дека се работи за искусен фудбалер кој остави трага во европскиот и светскиот фудбал, но веќе е во години кога мора да размислува и за повлекување.

Отаменди е еден од најстандардните во Бенфика меѓутоа се очекува да се врати во родната Аргентина.

Најавите се дека ќе стави потпис на договор со Ривер Плата. Во редовите на Бенфика, Аргентинецот пристигна во 2020 година, а претходно настапуваше за Велез Сарсфилд, Порто, Валенсија, Атлетико Минеиро и Манчестер сити.

За репрезентацијата на Аргентина одигра 121 натпревар во кои постигна и седум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…