Николас Отаменди како што стојат работите во јануари ќе ја напушти Бенфика.
Иако договорот му истекува на крајот од оваа сезона, големи се шансите клубот да го напушти уште во јануари. Факт е дека се работи за искусен фудбалер кој остави трага во европскиот и светскиот фудбал, но веќе е во години кога мора да размислува и за повлекување.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Отаменди е еден од најстандардните во Бенфика меѓутоа се очекува да се врати во родната Аргентина.
Најавите се дека ќе стави потпис на договор со Ривер Плата. Во редовите на Бенфика, Аргентинецот пристигна во 2020 година, а претходно настапуваше за Велез Сарсфилд, Порто, Валенсија, Атлетико Минеиро и Манчестер сити.
За репрезентацијата на Аргентина одигра 121 натпревар во кои постигна и седум голови.