Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген ја одби и последната понуда за продолжување на договорот со тимот од Лондон и на лето ќе си замине како слободен агент.
Белгискиот дефанзивец истакна дека се уште сака да игра за амбициозен клуб во Европа, но не донел конечна одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да потпишам за вистинскиот клуб, тоа можеби е Тотенхем но можеби и некој друг клуб. Мора да биде тим со амбиција, сакам да играм во Европа како и за репрезентацијата. Можеби звучи чудно, но сега сум без договор и повеќе тимови бараат играчи кои можат да ги ангажираат без да плаќаат трансфер оштета“, истакна Вертонген.
Се шпекулира дека Вертонген би можел да ја продолжи кариерата во Италија, каде интерес за него покажуваат Интер и Рома.