Преговорите пропаднаа, сега се мора да се заврши во последните денови од преодниот рок.
Последната понуда беше одбиена, Алекс Окслејд Чемберлејн е ставен на продажба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот договор истекува во 2018 година, фудбалерот не сакаше да ја прифати понудата од Арсенал од 180.000 фунти неделно, со што ќе го имаше еден од најголемите договори во Премиер лигата.
„Скај Спорт“ тврди дека тој по секоја цена сака да ги напушти „топџиите“ и дека е спремен во друг клуб да игра и за помал договор.
Јасно е, проблем е оштетата. Чемберлејн посакува трансфер во Ливерпул, но Антонио Конте и Челзи беа поблиску до потписот на овој фудбалер со понудата од 40 милиони евра.
Чемберлејн е шест години во Арсенал и според неговиот менаџер мотивот за заминување е спортски, тој сака да се бори за трофеи, а не беше ниту задоволен со минутажата од минатата сезона.
Антонио Конте го гледа како одлично решение во 3-4-3 или 3-5-2 и е спремен да му даде шанса.
За разлика од Санчез, Венгер не е спремен да ги изгуби парите и да го чека наредното лето кога Чемберлејн ќе биде слободен фудбалер.