Дома Фудбал Останато Венгер најави нова револуционерна промена во фудбалот

Венгер најави нова револуционерна промена во фудбалот

Легендарниот француски стратег Арсен Венгер кој работи во ФИФА како главен за развојот на фудбалот претходно зборуваше за организирање на СП на секои две години, а сега најави уште една промена.

Венгер откри дека на Мундијалот во Катар може да биде направена голема промена кога во прашање е офсајд позицијата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Постојат добри шанси офсајдот во 2022 да биде автоматски. Должен сум да ја чувам тајната, но многу е веројатно дека тоа ќе биде следниот голем напредок во судењето“, изјави Венгер.

Во овој момент се користи ВАР технологијата за да им помогне на судиите, но поради грешките кои се прават и во ваква ситуација ФИФА сака промена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …