Дома Останати Вајт: Што и да биде борбата Кабиб – Фергусон ќе се одржи!

Вајт: Што и да биде борбата Кабиб – Фергусон ќе се одржи!

Дајна Вајт, првиот човек на УФЦ неодамна објави дека УФЦ евентите ќе продолжат, сепак следните три мораа да бидат откажани.

Меѓутоа, Вајт не се откажува и порачува дека четвртиот ќе се одржи. Станува збор за евентот на кој треба да се судрат Кабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Борбата помеѓу Фергусон и Кабиб ќе се одржи на 18. април. Таа борба ќе се случи. Што и да биде и без публика ако треба таа борба ќе се одржи! Веројатно нема да биде во САД. Ќе ги следиме сите здравствени совети и се надевам дека работите ќе бидат појасни во наредните денови“, изјави Вајт.

Значи, барем според зборовите на Вајт борбата помеѓу Кабиб и Фергусон која долго се чека сигурно ќе биде одржана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…