Дома Трансфер зона Вајналдум спремен да се врати во Њукасл

Вајналдум спремен да се врати во Њукасл

Жоржињо Вајналдум како големо засилување пристигна во ПСЖ, но после само шест месеци може да си замине од Париз.

Холанѓанецот после неколку добри сезони се одлучи да го напушти Ливерпул затоа што сакаше нов предизвик во својата кариера, иако „црвените“ му нудеа нов договор тој ги одби.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вајналдум имаше неколку понуди и во игра беше и Барселона, но на крајот се одличи за ПСЖ.

Холанѓанецот не добива голема минутажа во Париз, самиот призна дека не е среќен и веќе размислува да ја промени средината.

Англиските медиуми пренесуваат дека во јануари би можел да се врати во Премиер лигата и да потпише за Њукасл.

Вајналдум токму во Њукасл ја доживеа својата фудбалска афирмација пред да се пресели во Ливерпул, а сега клубот има богати сопственици и нема да жали пари да го врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…