Пари Сен Жермен е отворен да разговара да го продаде или позајми Жоржињо Вајналдум после само една сезона помината во редовите на шампионот на Франција.
Холанѓанецот во текот на минатото лето пристигна во Париз од Ливерпул како големо засилување, меѓутоа во ниту еден момент не беше главна опција во средината на теренот за Маурисио Покетино.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вајналдум одигра 38 натпревари, постигна три гола и забележи три асистенции, но започна само 18 натпревари во стартниот состав. Верати, Переира, Геј и Ерера добиваа поголем простор за игра.
Вајналдум има договор на уште две години, па отворена е опцијата и за позајмица што е нешто кое можеби најмногу ќе му одговара на играчот од средниот ред поради големите примања кои ги има во Париз.
За Холанѓанецот интерес покажаа Евертон, Лестер, Вест Хем и Вулвс од Премиер лигата, меѓутоа се шпекулира и за интерес од екипи од Серија А и Бундеслигата.