Играчот на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум се сретнал со менаџерот Јирген Клоп и го уверил дека не е заинтересиран за трансфер во Барселона.
Вајналдум, чиј договор со Ливерпул истекува следното лето е трансфер цел на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И покрај фактот што двајцата Холанѓани имаат одлични односи, сепак Вајналдум донел одлука да остане на Енфилд. Тој му порачал на раководството дека е спремен да потпише нов договор.
29-годишниот играч за врска пристигна на „Енфилд“ во 2016 година и во последно време се промовираше во една од најважните фигури во тимот.