Дома Македонски спорт Васоски: Големите победи на Македонија повеќе не се изненадување

Васоски: Големите победи на Македонија повеќе не се изненадување

Aлександар Васоски се најде во фокусот на босанската јавност откако Македонија ја победи Италија во баражот за Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Васоски како тренер на Сараево беше гостин на „Ал Џазира Балкан“, а таму зборуваше за големата победа на Македонија и посочи дека за него ваквите победи повеќе не се изненадување.

„Македонија не е повеќе изненадување затоа што ја победи и Германјија. Уживав да ги гледам фудбалерите гинат за репрезентативниот дрес. Во цел натпревар одигравме квалитетно и на високо ниво, не отстапивме од својата замисла и на крајот дојде тој гол. Генерација која игра сега е долго време заедно. Прво како младинци се пласираа на ЕП во Полска, потоа стигнаа и до сениорското ЕП. Тука се Барди, Елмас, Николов…затоа овој успех не е случаен. Оваа Македонија веќе во континуитет игра добро“, изјави Васоски.

Ќе потсетиме Васоски по првиот дел од сезоната во македонското првенство ја напушти Академија Пандев и го презема Сараево.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…